Видео: Дебакл на Аргентина!
03/07/2010 19:09



Застрашувачката Германија го воодушеви фудбалскиот свет, а Аргентина доживеа болно отрезнување во антологиското четвртфинале од СП. Подмладената германска машинерија го изрешета тимот на Марадона со дури четири гола!

Германската репрезентација покажа дека не е доволен само мотив да се освои Светското првенство, туку и дисциплина и тактика, за која Швабите се махери. По 12 пат се меѓу четирите најдобри во светот, откако во Кејптаун ја демолираа и посрамотија Аргентина со 4:0.

Германците буквално ги прегазија ’децата на Марадона’, откривајќи им ги сите слабости, кои во досегашниот дел од турнирот Аргентинците немаа можност да ги покажат.

Селекторот Марадона придонесе кон катастрофата со целосно задоцнетите измени, играта без класичен плејмејкер (улога која беше приморан да ја преземе Лионел Меси) и самата поставеност на фудбалерите.

Дебаклот на Гаучосите беше најавен уште во 3 минута кога по нафрлувањето на Бастијан Швајнштајгер, Томас Милер му избега на Отаменди и стрелаше прецизно во голот на Ромеро. Овој шокантен гол како да ги деморализираше Аргентинците кои во текот на целиот меч не создадоа ама апсолутно никаква посериозна прилика.

Во вториот дел Аргентина почна да игра пресинг, кој повторно не вроди со плод, додека Германците опасно се закануваа од против напади. Таквата игра им се исплати во 68 минута кога пожртвуваниот Милер се избори за една топка, додаде до Подолски кој го пронајде Клосе за нов гол. Марадона дури потоа се реши за измена, заменувајќи го слабиот десен бек Отаменди.

Во 74 минута и одбранбениот Арне Фридрих се запиша во листата на стрелци по извонредниот продор на Швајнштајгер кој буквално се прошета во противничкиот казнет простор.




Спектакуларната претстава Германија ја круниса во последните мигови од мечот, кога Подолски го пронајде Клосе за негов 14 гол на СП, со што стана втор најдобар стрелец во историјата и му треба само еден гол за да го стигне рекордерот Роналдо.








Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0281][26]