
Новиот селектор на италијанскиот национален тим Чезаре Прандели ja презеде функцијата и објави дека голманот Џанлуиџи Буфон ќе биде капитен на репрезентацијата.
Прандели, кој дојде на местото на Марчело Липи, им вети на тифозите дека Азурите брзо ќе ја вратат довербата по фијаското на СП 2010.
Италијанците беа детронирани во Јужна Африка уште во групната фаза, откако за прв пат не успеаја да победат на натпревар на Светското првенство.
„Подобро е да размислуваме позитивно. Има проблеми, но јас претпочитам да бидам оптимист“, коментираше Прандели за време на официјалното претставување како селектор на Италија.
„Буфон е пример за сите, се надевам дека тој ќе биде капитен на Италија на Евро 2012. Луѓето како него, кои се толку приврзани кон дресот, се наследство од Липи“, рече Прандели.
Досегашниот капитен Фабио Канаваро, како и Џенаро Гатузо, се откажаа од националниот тим по Мундијалот. Прандели додаде дека нема да го враќа во составот Франческо Тоти. „Тоти не влегува во моите планови. Се надевам дека ќе нема итна ситуација, во која ќе треба да го повикам“, рече Прандели.