Работнички успешен, Металург со пораз
02/07/2010 00:12

Работнички имаше успешен старт на отворањето на новата сезона во евро-куповите. Македонскиот претставник го декласираше аматерскиот тим на Лусинтас од Андора со 5:0. За разлика од Романтичарите, Металург со пораз се враќа од Азербејџан.


На националната арена ’Филип Втори’ фудбалерите на Работнички го декласираа андорски Лусинтас со 5:0. Отпорот на противникот беше скршен во 24 минута кога Зе Карлос ја затресе противничката мрежа. До крајот на првиот дел Вандаир во 35 минута зголеми на 2:0. На почетокот на вториот дел со двата гола на Фабио во 55 и 57 минута Работнички водеше и со 4:0, а конечните 5:0 ги постави Муарем.


Во Баку, Металург имаше силен конкурент во екипата на Карабах, а домашните поведоа со гол од пенал во 26 минута преку Рашид Садигов. На 2:0 во 45 минута зголеми Афран Исмаилов. Во 51 минута домашниот тим остана со играч помалку откако Адмир Тели доби црвен картон (втор жолт).


Предноста од играч повеќе Металург не ја искористи, а домашните во финишот постигнаа уште два гола. Во 84 минута Емин Имамалиев зголеми на 3:0, а на 4:0 зголеми Гиорги Адамиа во втората минута од судиското продолжение на вториот дел. Металург почесниот гол го постигна во две минути подоцна, а стрелец беше резервистот Марко Симоновски.


Реванш натпреварите се играат по една седмица (на 8 јули).

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0242][44]