
Германскиот селектор Јоаким Лев пред четвртфиналната пресметка против Аргентина, улогата на фаворит му ја префрли на противникот. Швајнштајгер очекува провокации од Аргентинците, а Марадона веднаш му врати....
„Според мене, Аргентина е многу силна репрезентација и е еден од големите фаворити, а можеби и најголемиот фаворит за титулата. Оној што мисли дека само Лионел Меси е голем фудбалер кај Аргентинците, многу греши“, изјави Лев.
Сепак тој очекува еден напнат и неизвесен натпревар, во кој ќе победи посмирената екипа.
Еден од најдобрите германски фудбалери Бастијан Швајнштајгер очекува провокации од аргентинските репрезентативци, кои според него ниту го респектираат противникот, ниту пак судиите.
„Сигурен сум дека Аргентинците ќе се обидат да не испровоцираат и ќе се обидат да влијаат врз судиите. Ние сме подготвени на сите нивни потези, единствено се надевам дека судијата нема да дозволи таква игра“, изјави Швајнштајгер.
Марадона, како Марадона, веднаш изреагира на изјавата на Швајнштајгер. „Што е Швајнштајгер, да не си нервозен? Немаме време да размислуваме за Швајнштајгер. Играчите размислуваат за тоа како излегуваат на терен по својата одмазда“, рече Марадона алудирајќи на поразот по пенали во четвртфиналето од минатото СП 2006.