
Управата на Валенсија им порача на колегите од Барселона да заборават на трансфер на Хуан Мата.
Лилјаците веќе го продадоа Давид Виља на Каталонците за 40 милиони евра, вчера официјално си замина и Давид Силва во Манчестер Сити за 32 милиони евра, а Местаља ја напушти и Никола Жигиќ кој се пресели во Бирмингем
Валенсија веќе испливува од долговите, па одлучи да го задржи брилијантниот напаѓач барем уште една сезона.
За оние кои се уште не се сигурни кој е Хуан Мата, ќе ве потсетиме како изгледа кога тој испраќа по сончоглед. Веруваме дека овој потег ќе се врти уште долго време, а и дека на Раул Албиол никогаш нема го заборави.