Џерард: Хоџсон е вистинскиот човек за Ливерпул
01/07/2010 18:18


Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард воодушевен е што на клупата на тимот од Енфилд седна поранешниот тренер на Фулам, Рој Хоџсон.

„Клубот направи добра со ангажирањето на Хоџсон. Бенитез си замина пред неколку недели и кога видов дека челниците не брзаат со нов избор, јасно ми беше дека се решени да постават вистински човек. Вредеше да се чека и јас сум сигурен дека Хоџсон одвај чека да почне со работа и да го врати Ливерпул, каде што му е местото“, рече Џерард.

Хоџсон пак, како прв приоритет по седнувањето на клупата на Ливерпул рече дека ќе му биде задржувањето на капитенот Џерард и ѕвездата Торес, за кои интерес пројавуваат Реал Мадрид и Барселона.

62-годишниот Хоџсон потпиша тригодишен договор со Црвените и ќе добива три милиони евра годишно.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0251][60]