
На каталонскиот гигант, ниту глобалната криза не и може ништо. Во сезоната 2009-10 оствари рекорден приход од 445,5 милиони евра, а конечната добивка на клубот изнесува 11,1 милион евра.
Најголемиот дел од парите на ’Ноу Камп’ пристигнаа од телевизиските права дури 38%, маркетингот донесе 27%, а продажбата на играчите 9%. Дел од заработувачката пристигна и од продажбата на земјиштето во Сант Хоан Деспи, а останатиот дел од други приходи.
„Остваривме рекордни приходи не само во историјата на клубот, туку и меѓу останатите фудбалски клубови. Приходите се за 16% повеќе од минатата сезона“, изјави првиот финансиски човек во клубот Хавиер Сала Мартин.
Меѓутоа Барселона и ги зголеми трошоците за 18%, па така во изминатата сезона потроши 429 милиони евра, а само на плати и бонуси на играчите потроши 305 милиони евра. Прв клуб кој во една сезона имал повеќе од 400 милиони евра беше Реал Мадрид во сезоната 2008/09.