Официјално: Лука Тони ново засилување за Џенова
30/06/2010 18:40


 


Лука Тони ќе биде официјално претставен како ново засилување на Џенова.


Во клупското соопштение на нивната вебстрана стои: „Лука Тони скоро е играч на Џенова. Како што најави претседателот Енрико Прециоси, неговата презентација ќе биде в четврток.“


„Презентацијата на Тони ќе биде проследена и со презентација на новите Asics дресови за сезоната 2010-2011“.


Лука Тони доаѓа во Џенова како слободен играч, откако беше ослободен од обврските со Баерн Минхен. Постигна 38 гола во 60 натпревари, колку што одигра во две и пол сезони, по што се најде во втор план кај тренерот Луис ван Гал. Останатиот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Рома.


 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0346][100]