Бекам има намера да игра на ЕП 2012
30/06/2010 16:04



Дејвид Бекам има намера да продолжи да игра за ’Гордиот Албион, и се гледа себеси во дресот на националниот тим и на Европското првенство 2012 година.

Бекам,
како што пренесува британски Сан, во Јужна Африка рекол дека се уште има што да покаже во англискиот дрес и затоа не сака да прерано да се повлече од репрезентацијата.

Закрепнување од повредата
оди како што треба, и Бекам би можел да се појави на терен во септември годинава. Англија ги игра првите квалификациски натпревари на 3 септември против Бугарија и Швајцарија четири дена подоцна, што ќе биде добар момент Бекс да се врати на светската фудбалска сцена.  

Инаку, некои британски медиуми тврдат дека една од главните причини за дебаклот на Англија во Јужна Африка е отсуство на Бекам од првиот тим.


 

Најпопуларно
Интервју
Табели
Офсајд
Анкета
Кој ќе го освои Скудетото?





Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009 Sportski [0.0400][42]