
Спортскиот директор на Барселона, Чики Бегиристајн ќе ја напушти оваа позиција откако Жоан Лапорта ја препушти претседателската фотелја на Сандро Росел.
Генералниот директор на Каталонците, Жоан Оливер вчера најави заминување на Бегиристајн.
„Ова е добар момент да го напуштам клубот. Лапорта беше човек кој најмногу ми веруваше и ми пружи најголема доверба, па мислам дека заминувам во вистински момент, кога Барса е во одлична ситуација", изјави Бегиристајн.
Шпанската легенда призна дека не би имал ист однос со новиот претседател Сандро Росел.
„Не верувам дека би можеч со Росел да постигнам успеси како и со Лапорта. На Росел му е потребен човек со кој ќе има ист однос каков што имавме јас и Лапорта и само така клубот ќе продолжи да функционира добро" - рече Бегиристајн.