
Себастијан Фетел победи на Ф1 трката за ГН на Европа во Валенсија и се задржа во чекор за шампионската титула.
Уште од стартот Себастијан Фетел се издвои на врвот, а беше нападнат само од Луис Хамилтон, но по еден допир сепак тој мораше да се откаже од бркањето на германецот.
Најголем губитник на трката беше Марк Вебер кој стартуваше втор, но уште на стартот изгуби неколку позиции.
Тој е ѕвезда број 1 на оваа трка, но на најмалце посакуваниот начин. При еден судир со Хајки Ковалаинен со 306 км на час, тој летна во воздухот, се сврти по што се заби во гумите кои се покрај патеката.

За среќа, немаше никакви последици и веднаш сам стана од болидот.
Втор на трката заврши Луис Хамилтон и покрај проблемите со болидот и добиената казна, со што останува на врвот на генералниот пласман со 127 поени.
Трет беше неговиот тимски колега Џенсон Батон, кој е втор на генералниот пласман со 121 поен, шест повеќе од Фетел.
Следната трка се вози за две седмици на патеката Силверстоун во Велика Британија.
Извор: Таратур