Раиконен: Ќе возам за Ферари, па и да не се натпреваруваме во Ф1
21/05/2009 17:10

 


Како што и се очекуваше, тужбата на Ферари против ФИА не помина на францускиот суд, па затоа тимот на Маранело мораат да донесат конечна одлука за настапот во Ф1 и наредната година.


Едно е сигуно само, каде ќе оди Ферари, неговите стапки ќе ги следи и Кими Раиконен. Поранешниот светски првак не беше многу потресен од оваа вест. Тој им вети верност и подршка на тимот во нивните одлуки.


По се изгледа Ферари нема да поднесе пријава за настап и наредната сезона, а до истекот на рокот остануваат уште само 8 дена. Раиконен смета дека Ферари може да продолжи со животот и без Формула 1, но дека до таков расплет нема да дојде.


Прилично сум сигурен дека нема да испаднеме од Ф1, но неможам да бидам 100% сигурен. Имам договор со Ферари и тие се натореваруваат во многу други категории и мислам дека би ми нашле некое друго добро место.“


“Ферари е голема фамилија и јас сум дел од нејзе. Тука работам и со нив сакам да се натпреварувам и ќе ја почитувам и следам секоја нивна одлука.“ - изјави финскиот возач.


Ферари за ова има подршка од Тојота, Торо Росо, Ред Бул и Рено.

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0869][65]