Шеик ја купи Малага
26/06/2010 18:47


Катарскиот шеик Абдулах Бин Насер-Тани е новиот сопственик на шпанскиот фудбалски прволигаш Малага.  Шеикот Ал Тани откупи сто посто од акциите кои досега беа сопственост на поранешниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санц за вкупно 36 милиони евра.



„Среќен сум што ќе водам клуб во една од најсилните фудбалски лиги во светот“, порача шеикот Абдулах бин Насер-Тани при неговото претставување на стадионот Росаледа, пренесува Asssociated Press.

Малага минатата сезона одвај се спаси од испаѓање од Примера дивизија освојувајќи го само 17-то место. Овој клуб кој доаѓа од шпанската провинција Андалузија е основан во 1948 г. и досега нема освоено ниеден повесначаен трофеј во Шпанија, освен интернационалниот успех во 2002 г. кога беше победник во Интертото купот.

Шеикот бин Насер-Тани е сопственик на Nasser Bin Abdullah and Sons Group и е голем вљубеник во коњите и коњичките трки.


 


 


 

Најпопуларно
Интервју
Табели
Офсајд
Анкета
Кој ќе го освои Скудетото?





Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009 Sportski [0.1100][41]