
Германскиот бундеслигаш од Бремен забрани внесување на вувузели на својот Весерстадион.
Така, стадионот на Вердер следната сезона ќе биде ’слободна зона’ за трубите кои создаваат иритирачка и неподнослива бучава на Светското првенство во Јужна Африка.
„Звукот на вувузелите ќе има негативен ефект врз атмосферата што преовладува на нашите натпревари. Ние ја почитуваме африканската навивачка култура, но поголемиот дел од нашите навивачи се задоволни од овој потег. Сакаме да ја задржиме атмосферата во нашиот стадион како што беше досега“, рече менаџерот на клубот, Клаус Алофс.