
Македонскиот шампион Ренова во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите ќе игра против кипарска Омонија. Работнички и Металург имаа повеќе среќа!
Ренова ќе се соочи со Омонија - одлучи денешната ждрепка извлечена во Нион. Ренова беше во групата на неносители, па можеше да игра со далеку поквалитетни противници.
Првите натпревари се закажани за 13 и 14 јули, а реваншите се една недела подоцна.
Во Уефа евро лигата нашите претставници имаа среќа. Работнички во првиот меч на 1 јули ќе гостува на Луситанс во Андора, а Металург и Карабаг од Азербејџан беа последните тимови останати во шеширот.
Металург гостува на првиот натпревар во истиот термин, реваншите се една недела подоцна.