
Спортскиот директор на Вердер Бремен, Калус Алофс ја предупреди “старата дама“ дека сеуште ништо не е завршено во врска со трансферот на Диего.
Иако Диего и јавно кажа дека е нов член на Јувентус, при што тоа го потврдија и неговиот татко и агентот Џер да Куња и италјанските медиуми, сепак германскиот клуб предупредува да не се избрзува во врска со тоа.
“Работата сеуште не е завршена. Има уште некои работи кои мораат да се решат. Не е нешто за што неможеме да најдеме заеднички јазик, но мора да се реши тоа.“ - предупреди Алофс.
Наводно во овој трансфер спорна е клаузулата во која фудбалерот добива 15% од трансферот ако тој се реализира пред неговото завршување на договорот со Вердер. Бидејќи трансферот ќе изнесува 29 милиони евра, тоа значи дека Бразилецот ќе инкасира 4.5 милиони само со преминувањето во Јувентус, без при тоа да се смета неговата плата таму.
Затоа Алофс се заканува: “Кој вели дека Диего неможе да премине во Баерн!?!
Минхенскиот клуб е исто заинтересиран за Диего, но плејмејкерот изјави дека сака да игра во Јувентус и ги одби Баварците. Така да можно е Вердер ако го одбие Јуве да не профитира од својот најдобар играч.