Погледнете го најголемиот подвиг на СП!
21/06/2010 01:48



Ако победата над Швајцарија над европските шампиони беше суперсензација, тогаш ремито на Нов Зеланд против светските шампиони е вистинско чудо. Бразил го прегази Брегот, а Парагвај ја совлада немоќната Словачка.

Нов Зеланд најексплицитно покажа дека нешто смрди во земјата Италија. Азурите очајни, безидејни, со гол од непостоечки пенал, во последното коло против Словачка ќе имаат поправен испит за пласман во втората фаза.

Откако во 1 коло одиграа разочарувачко реми со Парагвај, светските шампиони во вториот меч повторно ги фрлија во очај своите навивачи одигрувајќи само 1:1 со аутсајдерот Нов Зеланд.

Нов Зеланд поведе во 7 минута преку Смелц, откако Канаваро повторно киксираше, додека Италија успеа да израмни од сомнителен пенал во 28 минута преку Јакинта.









Во другиот меч од групата Ф, Парагвај ја совлада анемичната Словачка со 2:0, со головите на Вера во 27 и Риверос во 86 минута и сега Парагвајците се први со 4 бода, Италија и Нов Зеланд имаат по два, додека Словачка е последна со еден бод.








Во натпреварот од групата Е, меѓу Бразил и Брегот на слоновата коска победија Кариоките со 3:1. Луис Фабијано беше двоен стрелец, а судбината на Слоновите ја запечати Елано.

Дрогба постигна само почесен гол во мечот кој на крајот за малку ќе се претвореше во тепачка. Кака беше жртва на нервозите на двата тима, бидејќи за брзо време доби два жолти картони и ќе отсуствува во пресметката со Португалија.








Бразил со победата стана вториот тим по Холандија што и теоретски обезбеди пласман во втората фаза, а Дунга покажа дека направил одлична селекција која ќе се бори за трофеј СП.



Извор: Таратур
Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.1292][59]