
Сега веќе поранешниот фудбалер на Пелистер, Горан Ганчев потпиша двегодишен договор со тимот на Железничар од Сараево. 26-годишниот дефанзивец по кратката проба успеа да се договори и да започне соработка со славниот сараевски клуб.
Ганчев се смета за големо засилување во пресрет на новата сезона, а како што самиот ни изјави е одлично прифатен во новиот клуб.

Задоволство од постигнатиот договор изрази и Амар Осим, син на легендарниот Ивица Осим, кој воедно е и тренер и тим менаџер на сараевски Железничар.