Таневски нов член на Белшатов
19/06/2010 18:27


Откако беше во немилост на тренерот на Лех Познањ минатата сезона, Златко Таневски се реши да ги смени клупските бои.


Македонскиот дефанзивец и натаму останува во Полска, и идната сезона ќе настапува за полскиот прволигаш Белшатов. Таневски договори соработка со пољаците на две години, пренесува агенцијата Нетпрес.


Со тоа продолжува полската ’одисеја’ на Македонецот кој веќе подолго време е во оваа земја. Во минатото го носеше дресот на Вардар и на Цементарница 55.


И покрај интересот од многу клубови, сепак Таневски се реши за Белшатов со надеж дека ќе игра, и со добри партии ќе се наметне кај селекторот Мирсад Јонуз за следниот квалификациски циклус, со оглед дека стоперското место во репрезентацијата е испразнето со заминувањето во пензија на капитенот Гоце Седлоски.


Во минатото Таневски беше незаменлив дел од младата репрезентација на Македонија.


 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0296][60]