
Драма во режија на Лос Анџелес Лејкерс. Во седмиот меч пред своја публика, во последната минута од мечот Бостон Селтикс потклекна и не успеа да го освои 18 прстен.
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ја освоија својата 16 титула шампион во американската НБА лига, откако ноќеска во решавачкиот седми меч го победија Бостон со 83:79, (14:23, 20:17, 19:17, 30:22).
За најкорисен играч во финалната серија беше прогласен Коби Брајант, кој во целата серија постигна 177 коша.
Најдобар на вчерашниот натпревар беше центарот Пол Гасол со 19 поени, 18 скокови и четири асистенции, додека Брајант го заврши мечот со 23 поени и 15 скокови, но имаше многу промашувања, а Рон Артест уфрли 20 коша.
Најефикасни кај гостите беа Пол Пирс со 18 поени и 10 скока, Кевин Гарнет постигна 17, Реј Ален 13, а Рашид Валас 11 поени.
Селтикс добро го започнаа мечот и на крајот на првата четвртина имаа предност од 23:14, а на полувреме заминаа со водство од 40:34. Во вториот дел Лејкерс имаше негатива и од 13 поени, но направи неверојатен пресврт за втора титула по ред или 16-та вкупно. Им недостига само уште еден прстен да се израмнат со најтрофејниот тим, со кого играа во финалето.
За овие две екипи, кои заедно имаат освоено повеќе од половината НБА првенства (33 од 64), ова беше 12 меѓусебно финале, петто одлучено во седмиот натпревар. За Коби Брајант ова беше петти прстен, додека неговиот тренер, Фил Џексон го освои 11 шампионски прстен во својата кариера.