Потпреседателот на Милан, Адријано Галијани демантираше во медиумите дека Алесандре Пато ќе ги напушти Росонерите и најви дека Масимилијано Алегри е сигурно нов тренер на Милан.
“Пато има договор до 2014-та и тој ќе остане во Милан. Не знам што ви кажал вчера, но тој не е за продажба по никоја цена.“ - изјави Галијани.
Денес во медиумите повторно се јави и Алесандре Пато кој сега кажа дијаметрално спротивно од вчера, дека планира да остане на Сан Сиро и да ги освои ЛШ и Скудетото.

Галијани потоа потврди дека Масимилијано Алегри тренерот на годината во Италија ќе биде новиот тренер на Милан.
“Кога тој ќе стане слободен, наш нов тренер со сигурност ќе биде Алегри.“
Според италијанските медиуми Алегри официјално треба да потпише со Милан најдоцна за една недела.