Пепе: Ми се исполнија двете големи желби ова лето
10/06/2010 03:21

Крилото на италијанската репрезентација, Симоне Пепе и официјално е нов фудбалер на Јувентус. Тој е пресреќен заради ова затоа што ова било една од двете големи желби за него ова лето. 


Пепе пристигнува како позајмен фудбалер на една година од Удинезе. “Старата дама“ за ова ќе плати 2.5 милиони евра, а ако потоа сака да го задржи ќе треба да кешера плус 7.5 милиони евра.



Пресреќен сум заради тоа што успеав да потпишам со Јувентус. Сега сум подготвен за авантурите на СП. Имав две големи желби ова лето, а тоа беа: да играм за Азурите на СП во Јужна Африка и да потпишам за некој од големите италијански клубови.“


Јувентус е најпрестижниот клуб во Италија, неговата историја го кажува тоа. Сега ќе мора да ги испишуваме и новите страници.“ - рече Пепе.

Најпопуларно
Интервју
Табели
Офсајд
Анкета
Кој ќе го освои Скудетото?





Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009 Sportski [0.0200][29]