Фернандо Хидалго, агентот на Диего Милито соопшти дека неговиот клиент е пресреќен во Интер, но би сакал да добие покачување на платата како награда за одилчната сезона.

“Приоритет на Милито е Интер. Тој се надева дека ќе биде награден за се тоа што го стори на теренот оваа сезона. Би бил задоволен со мало згоемување на неговата плата. Сега за сега е фокусиран на СП.“
“Има уште три години од договорот во Интер и пресреќен е овде. Вистина е добив неколку повици од агенти и клубови, но никој нема испратено официјална понуда до Интер.“ - рече на крај Хидалго.