Доменеш: Предност ќе им дадам на оние кои се во форма
03/06/2010 16:52

Селекторот на Франција, Рајмон Доменеш верува во овие фудбалери кои ги води во Јужна Африка. Според него предност ќе добијат оние кои се во форма, а не искусните. 



“Овој состав си има свои желби и напорно работи за да ги исполни. Имам голема самодоверба во нив, се работи за одлични момци.“


“За дуелот со Уругвај не сме се уште подготвени, но се надевам дека ќе бидеме на 11-ти. Сега сме при крај на подготовките и не значи дека тие кои ќе играат на пријателската со Кина ќе бидат и стартери против Уругвај.“


“Против Тунис одигравме солидно и креативно. Не игравме како што сите викаат 4-3-3, повеќе би рекол 5-5, но секој си кажува она што си го мисли.“ 


“Првиот избор се 23 фудбалери, а потоа што ќе се случува ќе видиме. Преферирам играчи кои се во форма, а не заради искуство, а најдобро ќе биде ако искусните фудблаери бидат во форма.“ - рече на крај Доменеш.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0308][100]