Робен: Ван дер Ваарт посакува да игра за Баерн
28/05/2010 20:51

Еден од најдобрите фудбалери оваа сезона, Арјен Робен откри дека Ван дер Ваарт поскакува да се врати во Бундеслигата и тоа во дресот на Баерн Минхен.



“Многу добро го познавам Ван дер Ваарт, а и разговаравме пред некој ден. Дечкото ќе дојде во Баерн во истиот момент кога и ќе го побараат. Ако треба и со велосипед ќе дојде од Мадрид само за да потпише со Баерн, го гарантирам тоа.“


“Тој донекаде ми беше и љубоморен кога виде дека јас потпишувам за Баерн. Имаше понуди од англиските клубови, но не сака да игра во Англија. Веќе играше во Бундеслигата и му одговара, но мислам дека се чека Баерн да покаже интерес.“


“Јас можам само да кажам дека Ван дер Ваарт ќе биде од огромна корист за нашиот тим. Во Реал и така не е стандарден првотимец.“ - рече Робен.


По оваа изјава по се изгледа се започнува војна меѓу Арсенал и Баерн за ангажман на Ван дер Ваарт. Претходно и Ван Перси го повикуваше на Емирати. Шпанските медиуми тврдат дека Холанѓанецот не е дел од плановите на Жозе и сигурно ќе си замине ова лето. 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0254][43]