Како што е ред по завршувањето на една сезона треба да видиме дали клубовите правилно инвестирале во играчите изминатата сезона. Sportski.mk направи листа на 10-те најлоши трансфер за сезоната 2009/10.
Како репер ни беше сумата која е потрошена за играчот, како и перформансите и влијанието врз играта на тимот. Во предвид се земени најсилните првенства. Оваа сезона имаше прилично многу лоши трансфери т.е многу неоправдани инвестиции, па тежок беше изборот..
10. Фелипе Мело (Јувентус, 25 милиони евра): “Старата дама“ потроши огромна сума на пари за недокажан фудбалер. Одигра една фантастична сезона за “виолетовите“ и Јуве се реши да даде дури повеќе пари од оние што ги потроши за Диего, Навистина нелогично. За тие пари фановите очекуваа од него многу повеќе. Неколку блесоци на стартот од сезоната и на крајот од сезоната дефинитивно не вредат 25 милиони евра. Несомнено е дека се работи за квалитетен фудбалер, но Јуве го прецени и затоа ја плати цената оваа сезона. Следната ако остане во Торино со сигурност ќе биде на нивото од Фиорентина претходно.
9. Рикардо Кака (Реал Мадрид, 64 милиони евра): Дефинитивно големо промашување на “кралевите“. Не знам какво ќе беше разочарувањето на Сити на пример ако потрошеа 120 милиони евра за ваква сезона, катастрофална сезoна за еден од петте најдобри фудбалери во светот. Кака падна на психички план. Сите тие притисоци од фановите на Росонерите при доаѓањето во Мадрид, како и медиумскиот притисок влијаеа на неговата игра. Еден од најомилените фудбалери во светот едноставно се губеше на теренот. Во конкуренција со Роналдо изгледаше како мало човече. На сето тоа треба да се додаде и повредата која го мачеше подолго време. Мурињо би требало да го пробуди, ако не може да му се случи огромен пад во кариерата. Скоро сите бразилци се склони на тоа.
8.Јури Жирков (Челзи, 21 милиони евра): Русинот одигра лоша сеозна т.е не одигра ништо. Цела сезона ја преседе на клупата, со многу малку натпревари како стартер. “Рускиот Роналдињо“ не се адаптираше на англискиот фудбал и најдобро за него ќе биде да си замине додека има таква можност. Никој не ни веруваше дека со Анчелоти ќе игра на левата бековска позиција, а при една таква сезона на Малуда на левата крилна позиција мораше само да гледа од клупата.
7. Клас Јан Хунтелар (Милан, 15 милиони евра): Може холанѓанецот заслужува и да биде многу погоре, но за тоа не е виновен тој туку политиката на Росонерите, Инзаги да биде пред сите. Во првата полусезона и не добиваше многу шанси, но подоцна по повредата на Пато доби повеќе доверба од Леонардо, па и не одигра така лошо. Сепак за таков расен напаѓач како што е тој 7 гола во една сезона се премалку. Втора сезона по ред е меѓу најлошите трансфери. Лани и во Реал одигра лоша сезона.
6. Златан Ибрахимовиќ (Барселона, 65 милиони евра): Многумина беа скептици при ангажманот на Швеѓанецот. Типуваа дека Ибра нема да се снајде во позиционата игра на Барса. По стартните неколку кола признаа дека погрешија, Ибра може не играше добро, но постигнуваше голови и тоа беше доволно за фановите. Сепак како минеше времето се повидливо беше дека е едноставно вишок играч на Барселона. Освен неколкуте луцидни потези кои несомнено ги има и не одигра ништо. Дури на крај на сезоната успеа и да го загуби првотимскиот статус од Кркиќ и добиваше шанса од клупата. Особено очајни беа неговите настапи во полуфиналето од ЛШ против Интер. Еден блесок против Арсенал на Емирати не може никако да ги оправда 45 милиони + Самуел Ето дадени за него. Познавајќи го неговиот победнички менаталитет, тој ќе вложи се од себе за да им покаже на сите дека вреди за тие пари, се разбира ако до тогаш остане на Камп Ноу.
5. Карим Бензема (Реал Мадрид, 34 милиони евра): Очајна сезона на најголемата француска надеж, оваа катастрофална сезона го чинеше и губење на стандардното место во француската репрезентација. Нема да патува на СП во Јужна Африка. По потпишувањето за Реал се претпоставуваше дека ова ќе биде негова сезона, со Роналдо и Кака странично, тој само ќе треба да рутинирано да ги завршува нивните акции. Сепак далеку од тоа, постигна само 8 погодоци цела сезона, го загуби првотимскиот статус и скоро цела втора полусезона ја преседе на клупата. За волја на вистината Французинот влегуваше во 100% шанси кога играше, но едноставно не можеше да погоди што за еден таков напаѓач е недопустливо.
4. Марио Гомез (Баерн Минхен, 30 милиони евра): Пишав и кога на почеток на сезона дојде дека од него нема да биде ништо и него никогаш нема да го извадам од оваа листа. Едноставно е лудост да дадете 30 милиони евра за Гомез кој и нема некоја посебна карактеристика, освен што е висок и снажен што би било идеално, но за одбранбен фудбалер. Требаше да биде предводник на нападот, а тој започна повеќе натпревари од клупата отколку како стартер. Ван Гал дури се откажа од него во најважните средби на Баварците. Буквално без него стигнаа до финалето во ЛШ и до двојната круна. Неспоредливи се изданијата на Робен кој дојде за 25 милиони евра со оние на Гомез кој беше платен 30 милиони евра. Од сето ова највеќе искористи младиот Мулер кој му го зема местото и ќе биде голема надеж на Германците.
3. Алберто Аквилани (Ливерпул, 20 милиони евра): Нема сомневање да Аквилани е квалитетен фудбалер, но факт е дека е едно од топ 3-те промашувања на годината. Не можете да дадете 20 милиони евра за некој фудбалер и да се правдате дека сте го купиле повреден. Исто факт е дека Бенитез не му даде премногу шанса на Италијанецот. Пред крајот на сезоната беше целосно опоравен, но Шпанецот немаше доверба во него и не се решаваше да ризикува иако на неколку пати Аквилани покажа дека се работи за одличен фудбалер. Останува да се види дали ќе ја добие заслужената шанса следната сезона или Бенитез ќе си остане кукавица како и секогаш. Ако игра би требало со сигурност да ги оправда овие 20 милиони евра.
2. Роке Санта Круз (Манчестер Сити, 20 милиони евра): Нема што да се зборува за овој трансфер. Марк Хјуз исористи шанса и му фрли паричка на својот поранешен клуб. Не логично е да правите клуб кој ќе се бори за место во ЛШ со играч од рангот на Санта Круз, но и на сето тоа да плаќате по 20 милиони евра. Се знаеше уште од самиот старт дека во конкуренција на Тевез, Адебајор и Белами само ќе ја грее клупата.
1. Дмитро Чигрински (Барселона, 25 милиони евра): Огромно промашување на Пеп Гвардиола, многу лош сакутинг на Каталонците. 25 милиони евра за дефанзивец од Шахтјор, дефинитивно лоша инвестиција, без никаква конкуренција е бр.1. Вистина е дека се работи за млад фудбалер, но не се снајде во Барса, а Гвардиола му пружа шанса на почетокот. Само така фрлени 25 милиони евра во огин, поарно да се обидеа со враќање на Олегер. Во една конкуренција со Габи Милито, Пујол, Пике и Рафа Маркез веднаш се гледа натрапникот. Украинецот ќе мора среќата да си ја бара во друг клуб, во Барселона нема место за него.
Во оваа листа би можеле да ја прошириме и со: Самуел Ето, Тимошчук, Даниел Прањиќ, Глен Џонсон, Џолеон Лескот, Никола Калиниќ, Бафе Гоми, Мауро Зарате и уште неколку други.
gringo/sportski.mk