Пандев шампион на Европа со Интер
23/05/2010 03:31


Интер чекаше четири и пол децении да се искачи на врвот на Европа, а Македонија скоро две, за еден фудбалер да го подигне највредниот трофеј во клупскиот фудбал. 

Жозе Мурињо и Милито се покажаа премоќни за ослабениот Баерн Минхен, кој настапи без ѕвездата Франк Рибери

Судирот на италијанскиот и баварскиот гигант, кои до финалето во Бернабе веќе освоија двојна круна во домашните шампионати, го доби интернационалниот состав под водство на Жозе Мурињо, кој по 45 години пост конечно стана најдобар клуб во Европа.


Ѕвезда на средбата беше Диего Милито кој ги постигна и двата гола во 35 и 68 минута, од кој вториот беше вистинска мајсторија. 

Поголем посед на топката имаа Баварците, но тактиката на Мурињо, со целосно затворање на играта, повторно даде резултат, иако и Баварците имаа свои шанси кои не ги искористија.



Горан Пандев, кој одигра 70 минути и претрча над 9км, стана само третиот Македонец кој го кренал најтрофејниот пехар во клупскиот фудбал. Пандев имаше и една шанса на почетокот на вториот дел, но неговиот удар, голманот Бут со крајни напори успеа да го исфрли во корнер.







Мурињо, кој го одработи последниот меч на клупата на Интер, така го исполни сонот на интернационалниот италијански тим и со тоа се придружи на Ернст Хапел (Феенорд и Хамбургер) и Отмар Хицфилд(Борусија Д. и Баерн) како трет тренер кој славел во најквалитетното фудбалско натпреварување со два различни клуба.

„Мојата работа овде е завршена. Направив историја со овој клуб. Ќе најдам мотивација во друг поголем клуб. Да се игра против Барселона во Шпанија? Тоа ќе биде голем предизвик“, изјави Мурињо по мечот.


Извор: Таратур

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0270][30]