Интер - Баерн Минхен (саб. 20:45)
Последниот натпревар за оваа сезона ќе се игра на Сантјаго Бернабеу во Мадрид. За Баварците ова ќе биде 8-то финале во ниванта историја, додека Нероазурите ќе го играат 5-то.
Баерн досега се радувал 4 пати (1874, 1975, 1976 и 2001), додека Интер има освоено само две титули (1964 и 1965).
И двата тима има одлични сезони и ако триумфираат во ЛШ ќе се радуваат на тројната титула сезонава. И Интер и Баерн ги освоија првенствата и куповите во домашните натпреварувања. Баерн по пауза од една сезона повторно се радуваше на титула во Бундеслигата, додека Интер веќе 5-ти пат во серија ја освои Италија.
Патот на Интер до Мадрид беше повеќе од трновит. Нероазурите дури во последното коло си обезбедија пласман во осминафиналето. Во четвртфиналето го надиграа Челзи и со триумф во двата дуела заминаа во полуфиналето каде се сретнаа со бранителот на трофејот од ланската сезона Барса. Мурињо склопи одлични тактики во двата дуела, на првиот офанзивна за победа од 3-1, во вториот бункер за пораз од 1-0 и пласман во финалето по 38 години.
Не помалку трновите беше и патот на Баерн Минхен. Баварците исто со фантастичен триумф од 5-1 на гостувањето во Торино го фатија последниот воз за осминафиналето. Таму со многу контраверзии и со гол постигнат повеќе на гостински терен ја елиминираа Фиорентина. Најтешко им беше во четвртфиналето, се сретнаа со финалистот од ланската сезона, Манчестер Јунајтед. Во Минхен со гол во последната минута победија со 2-1, додека на Олд Трафорд успеа со фантастично второ полувреме да загубат со 3-2 (губеа со 3-0 во првиот дел) и повторно заради голот на гости да замина во следната рунда. Во полуфиналето фуриозно со вкупни 4-0 го елиминираа Лион.
Жозе Мурињо има само една мака, црвениот картон на Тјаго Мота и неговата суспензија за финалето. Се очекува на неговата позиција да игра Дејан Станковиќ. Се очекува Мурињо повторно да истрча со стандардната формација која ја практикува по доаѓањето на Пандев, 4-3-3. Најверојатно Пандев, Ето и Милито ќе биде тројката во нападот. Во средината ќе бидат Камбјасо, Станковиќ и Снајдер со тоа што можна опција за Мота е и Знаети, а Кордоба или Киву да игра како лев бек.
Ван Гал има поголем проблем, исто заради суспензија еден фудбалер, но во нивниот случај тоа е Франк Рибери нивната втора ѕвезда. Со оглед на одличното издание на Алтинтоп против Лион, Турчинот сигурно повторно ќе биде стартер, а со него во средината ќе бидат Ван Бомел, Швајнштајгер и Робен. Во нападот како по обичај ќе бидат младиот Мулер и Ивица Олиќ.
Ова без сомнение ќе биде големо тактичко надмудрување, па затоа и не треба да се очекуваат многу голови. И двата тима имаат доста цврста и подвижна средина. Така да која ќе одигра подобро деструктивно би требало и да победи. Контрите се најопсниот дел од играта и на двата тима.
Особено е ранлива одбраната на Баерн која е и најслабиот дел на тимот, па и не смее Баерн премногу да се опушти и да ја преземе контролата врз играта. Во таков случај ќе биде навистина тешко да се сопрат тројца напаѓачи на Интер кој веднаш се упатуваат во контра при одземена топка. Сепак проблемот е што сите тројца пак и не се толку подвижни и со добра и дисциплинирана поставеност на одбраната и средината лесно ќе се запре нападот на Интер.
Најдоброто за Баерн ќе биде да го остави поседот на топката кај Интер и преку контра напади да пробаат да го загрозат Цезар. Во таков начин на игра максимално ќе се искористат Олиќ и Робен и дефинитивно вреди да се проба. Од друга страна пак, Интер ќе се мачи да ги организира нападите затоа што освен Снајдер и нема некој организатор. Значи тактиката на Ван Гал ќе биде да се изолира целата средина на Интер, нешто слично како што Челзи го направи на првиот дуел на Џузепе Меаца и да ги натераат Нероазурите да ја кренат топката и да играат на нафрлени топки.
Најопсен кај Баерн несоменено е Робен и најверојатно ако се запре тој ќе се запре и германскиот шампион. Холанѓанецот е убедливо најдобриот поединец на Баварците и многу пати сезонава го покажа тоа. Само со еден добар потег може да реши дуел, затоа и “специјалниот“ би требало да има специјална одбрана за него нешто како што беше случај со Меси или како што Ферги го запра во првиот дел на Олд Трафорд.
Тип: Интер е фаворит во овој дуел. Баерн не смее да се потцени, но реално според играчите и нивната форма Нероазурите се подобри во моментов. Италијанците имаат повеќе опции и ќе биде многу потешко да се запрат од Германците. Сепак не смее да се потецни упорноста и мотивираноста на Германците, тие играат секогаш до крај и секоја грешка ќе ја искористат. Интер мора да одигра перфектно ако сака да се радува на третиот трофеј. Мало опуштање ќе биде радост за Баерн. Значи на крај подисциплинираниот тим ќе биде новиот шампион. Кој и да победи ќе има една бајка сезона во ЛШ и тешко дека ќе ја повтори следната сезона.