Напаѓачот на Интер, Самуел Ето изјави дека во дуелот со Баерн мора да влезат со вистинскиот пристап и да дадат максимум во него затоа што фановите цел живот го чекале овој момент.

“Ова финале е сон за нас, но не смееме да го претвориме во опсесија затоа што ќе го загубиме.“
“Знам дека фановите на Интер цел живот чекале за овој момент. Но потребен ни е вистинскиот пристап во него и желбата за докажување и борба.“
“Веќе имам играно две финалиња, но и двете беа против англиски тимови. Ова е сосема поинаква приказна, затоа што Баерн е во одлична форма и станува збор за силен состав.“ - рече Ето кој претходно на два пати против Арсенал и Манчестер Јунајтед и се радуваше на титулата.