Ван дер Ваарт: Ван Перси ме наговараше да дојдам во Арсенал
20/05/2010 13:15

Плејмејкерот на Реал Мадрид, Рафаел Ван дер Ваарт посакува да биде во ист тим заедно со својот пријател Ван Перси и обелодени дека лани бил многу блиску да заигра за Арсенал.



Ван Перси ми е добар пријател, како на теренот, така и надвор од него. Постојано сме во контакт. Еднаш имавме кавга кога игравме за репрезентацијата под 21 години и двајцата се натпреварувавме за плејмејкерската позиција.“


“Тој навистина сака да биде во ист тим како мене, па дури и побара од Венгер да потпишат со мене. Навистина ми е мило што голем играч како Робин го сторил тоа.“


“Навистина сериозно размислував да го напуштам Реал за Арсенал. Тие се голем клуб со одлични фудбалери. Сепак мојата ситуација во Мадрид тогаш малку се промени и јас останав во Реал.“


“Но уште посакувам да играм со Робин во ист клуб, но сега тоа би се случило само ако тој дојде во Мадрид.“ - се насмеа на крај Ван дер Ваарт. 


Рафел имаше солидна сезона во Реал, но со оглед на најавите за нови трансфери, повторно би можел да биде прекуброен и да има отворена врата за трансфер. 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0251][84]