
Екипата на Севиља на Камп Ноу успеа со 2-0 да го совлада Атлетико Мадрид и со тоа по 5-ти пат во својата историја да се радува на кралскиот куп. Втор пат во последните 4 години.
Андалузијците победија благодарение на головите на Диего Капел уште 5-та минута, прекрасен погодок од 18-тина метри на крилотo на Севиља. Конечните 2-0 ги постави Хесус Навас во 91-та минута кога по една контра го издрибла и Де Геа.
“Јорганџиите“ не успеа сезонава да ги обединат титулите во Лига Европа и купот на Шпанија, но и покрај поразот и лошиот пласман во Ла Лига со финалето се изборија настап во Лига Европа.