НБА: Клиперс бираат први на драфтот
20/05/2009 03:19

 


Екипата на Л.А.Клиперс ја имаше таа среќа да бира прва на драфтот оваа година. Мемфис Гризлис ќе го имаат вториот пик, додека тимот на “громчињата“ од Оклахома ќе бираат трети.


Сакраменто кои имаа најголеми шанси да го добијат првиот пик, бидејќи го имаа најлошиот скот, 17-65 на крај бираат 4-ти, а Вашингтон го бираат 5-от пик.


Драфтот како и секоја година се одржува во Медисон Сквер Гарден во Њу Јорк, овојпат на 25-ти јуни.


Како најголем кандидат за прв пик е крилото на Оклахома, Блејк Грифин кој и беше колеџ играч на годината.Сепак знаејќи дека Клиперс ги имаат Кемби и Кејман под кошевите или ќе се решат за трампа за некој бек шутер или ќе одат на варијантата бек шутер од драфт, а најблиску до тоа е Џејмс Харден од Аризона стејт.


Како втор пик се очекува да биде плејот од Шпанија, Рики Рубио. Потоа најверојатно центарот Хашим Тхабит од Конектикет итн.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0866][57]