Чави: Виља лесно ќе се адаптира во Барса
20/05/2010 00:20

Плејмејкерот на Барслеона, Чави Ернандез е среќен затоа што управата го ангажирала Давид Виља и се надева дека истото ќе го стори и со Цеск Фабрегас.



Задоволство е да го имате Виља во било кој тим, тој е тука за да се најде во решавачките моменти. Тој има играно со многумина од нас во националниот тим и игра во Примера веќе подолго време, па не би требало да има многу проблеми со адаптацијата.“


Тој е одличен може да игра и како централен, но и како крилен напаѓач. Постојано е во движење и цело време бара начин да ја пробие противничката одбрана. Можам да речам дека е сличен на Самуел Ето. Се надевам дека ќе продолжи со постигнувањето на многу голови.“


“Ако дојде и Фабрегас исто и тој ќе биде добредојден. Ќе ни помогне да се специјализираме во стилот кој не карактеризира и да освојуваме многу трофеи.“ - додаде на крај Чави.


Според некои шпански медиуми офанзивата за Фабрегас е започната и се очекува пред СП да се потпише и со плејмејкерот на Арсенал. 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0524][104]