Мино Раиола, агентот на Златан Ибрахимовиќ вечи дека неговиот клиент не се чувствува загрозено со доаѓањето на Давид Виља, среќен е во Барселона и има договор до 2014-та.

“Клубот веќе рече дека е задоволен од Златан, па доаѓањето на Виља воопшто не ја загрозува неговата позиција и неговиот опстанок на Камп Ноу затоа што шпанскиот напаѓач може да игра и како крило.“
“Ибрахимовиќ има договор до 2014-та и е среќен во Барселона.“ - рече на крај Раиола кој претходно ги отфрли и шпекулациите дека Швеѓанецот може да се пресели на Островот или во Јувентус.