Мурињо: Чекам Реал да го направи првиот чекор
19/05/2010 16:07

Тренерот на Интер, Жозе Мурињо вели дека би сакал да биде на чело на Реал Мадрид иако ќе му биде тешко да го напушти Интер после сите овие освоени трофеи изминативе две години.



“Мојата кариера нема да биде комплетна ако некогаш во мојата кариера не го тренирам Реал Мадрид. Ќе биде многу тешко да се напушти Интер по две години напорна работа и сите овие големи успеси. Би требало да заминам ако Реал одлучи да ме ангажира.“


Дефинитивно сакам да бидам тренер на Реал некој ден. Мојот тим секогаш игра офанзивно и никогаш не се плашиме од нашите противници. Мислам дека таа филозофија префектно би се вклопила во Реал.“


“Реал го прави секој тренер или играч да се чувствува неважен без оглед на тоа колку бил популарен или каква репутација имал претходно. Тој клуб е навистина нешто посебно.“ - рече Мурињо кој е на чекор да ја освои и третата титула со Интер оваа сезона. Во сабота во Мадрид играат со Баерн во финалето од ЛШ.


Според италијанските медиуми Му веќе ја одбил понудата на Морати за зголемување на платата за 2 милиони евра, односно 12 милони евра годишно. 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0491][107]