Олиќ: Иако сум фан на Интер, ќе ми биде мило да ги решам
19/05/2010 15:52

Напаѓачот на Баерн Минхен, Ивица Олиќ призна дека е голем фан на Интер, но дека особено задоволство ќе му претставува ако постигне гол против нив.



Се надевам дека ќе постигнам гол против Интер иако морам да призаам дека голем нивни фан. Кога имав 17 години бев на проба во Интер, Џиџи Симони ми беше тренер и Роналдо беше тогаш таму.“


“Многу добро се сеќавам на тие денови, Симони сакаше да ме купи, но фалеа уште некои детали, па Херта тогаш беше побрза и потпишав со нив. Сандро Мацола тогаш беше спортски директор и не сакаше да заминам, но јас имав 17 години и мислев дека послаб тим многу повеќе ќе ми годи за подобар развој.“ - рече Олиќ кој беше јунакот од дуелите со Манчестер Јунајтед.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0259][35]