Како што пишува на официјалната страна на Барселона, Каталонците и Валенсија се договриле за трансферот на Давид Виља и шпанскиот репрезентативен напаѓач треба да потпише со Барса во петок. Износот на трансверот изнесува 40 милони евра.

“Барселона и Валенсија во среда наутро се договорија за трансфер на Давид Виља кој ќе изнесува 40 милони евра. Шпанскиот напаѓач ќе пристигне во Барселона во четврток навечер, а петок изутрина ќе ги помине лекарските прегледи. Тогаш и официјално Виља ќе биде презентиран како нов фудбалер на Барса.“ - гласи во соопштението од Каталонците.
Со ова Барселона експресно му најде замена на Тиери Анри кој најверојатно кариерата ќе ја продолжи во МЛС. Останува отворено прашањето дали Ибрахимовиќ ќе го напушти тимот или ќе му биде укажана уште една шанса.