Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон рече дека и оваа сезона нема многу да троши многу пари за засилувања и најверојатно тоа ќе биде едно квалитетно засилување.

“На трансфер пазарот денес е многу тешко. Нашата структура на тимот според староста е добра, балансот, годините, а не смее да се заборави дека имаме и неколку добри млади фудбалери.“
“Понекогаш мора да му верувате на тој развој кој сте го правеле изминатите години и јас ќе се држам до тоа или барем на поголемиот дел од тоа.“
“Можно е да има едно засилување, сакам да донесам квалитетен фудбалер во клубот, но тоа ќе биде многу тешко да го нправите. Се уште треба да дефинираме по кого ќе тргнеме и се уште испитуваме кој е се возможен да се донесе.“ - изјави Фергусон кој веќе донесе двајца млади фудбалери, Хернандез и Смајлинг.
Нема ни да донесе замена за Бен Фостер кој сигурно ќе се пресели во Бирмингем и “црвените ѓаволи“ ќе земат 6 милиони фунти за тој трансфер. Тоа значи дека и покрај постојаниот интерес за голман Ферги за следната сезона повторно ќе му верува на Едвин Ван дер Саар.