Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта потврди дека преговорите со Валенсија за Виља веќе се во напредна фаза и сега на ред се оние најважните детали за на крај да се договори овој трансфер.

“Преоговрите со Валеснија се започнати и можам само да речам дека сега иде најтешкиот дел. Има уште неколку детали за кои треба да се договориме.“
“Ги имаме договорено оние основни работи и сега бараме решенија за другите. Не сме фиксирани конкретно за некој датум, но се надеваме дека ќе го имаме Виља пред СП.“
“Што се однесува до Фабрегас, ако техничкиот секретар смета дека треба да потпишеме со него, тогаш ќе треба и вистински да тргнеме по него.“
На крај Лапорта се изјасни и околу шпекулациите за трансфер на Тиери Анри во САД.
“Има нешто и работиме на тоа. Тој е во таква фаза од кариерата каде што интересно е за него да настапува во МЛС.