Мурињо: Многу ме загрижува “Гудјонсен“
19/05/2010 01:18

Тренерот на Интер, Жозе Мурињо рече дека единствено се грижи за тоа дали ќе одат со авион или автобус за Мадрид, а не за тоа како ќе одиграат против Баерн Минхен.



Многу сум загрижен за Гудјонсен. Не го знам името на вулканот, тешко ми е за изговор, па ќе си го викам Гудјонсен.“ - се насмеа Мурињо.


“Ме загрижува тоа вулканот и иако планиравме да одиме во петок за Мадрид, можно е тоа да го сториме уште утре (среда). Тоа е единствената моја грижа.“


Ова е поважно дури и од финалето на СП. Овие тимови се подбри отколку националните селекции, па финалето треба да биде поквалитетно.“


Во оваа сезона не памтам некој да одигра сличен натпревар како ние со Барселона. Не памтам некој да играше таков фудбал како ние, агресивно и во напад и во одбрана.“ - заврши на крај Мурињо кој при тоа додаде дека затоа што се моли многу често има толку многу успех и е “специјален“.


 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0312][94]