Потпреседателот на Барселона, Рафаел Јусте откри дека постои голема веројатност Барселона ова лето да ги донесе шпанските репрезентативци, Давид Виља и Цеск Фабрегас.

“Преговорите течат добро, особено во случајот со Виља. Ситуацијата со Цеск е малку посложена, затоа што иако желбата на фудбалерот е голема сепак треба да разговарате со клубот и да најдете заеднички јазик. Арсенал треба да ја каже цената.“
“Она што не радува е што и двајцата сакаат да играат за Барселона.“ - рече на крај Јусте.
Како дел од трансферот на Фабрегас може да биде и Јаја Туре кој веќе подолго време е една од желбите на Арсен Венгер.