Крилото на Баерн Минхен, Арјен Робен мисли дека добро ќе се снајдел со новите играчи во Реал и вели дека тој и Снајдер биле продедени само заради тоа што Перез можел да заработи добра сума на нив.

“Го напуштив Реал Мадрид под многу чудни околности. Од клубот ми рекоа: „Сакаме да те продадеме затоа што сакаме да заработиме пари.“ Никој ништо не ми рече за фудбал или за мојот допринос во Реал. Барем еден збор да кажеа за тоа.“
“Сега се враќам во Мадрид и ова е посебен момент за мене, овде запознав многу луѓе. Не сум бил во Мадрид откога ме продадоа, затоа и одлично е што се враќам овде со цел да ја освојам ЛШ.“
“Во ланската сезона играв во подготвителните средби за Реал и верувам дека одлично ќе се вклопев со новите дечки, но по се изгледа јас и Снајдер бевме само средство како да се заработат што повеќе пари.“ - рече Робен кој за 25 милиони евра премина во редовите на Баерн Минхен каде што беше најзаслужен што Баварците стигнаа до двојната круна и играат во финале на ЛШ.
Слична е ситуацијата и со Снајдер кој исто беше еден од најзаслужните во двојната круна на Нероазурите и ќе се надева на победа против Робен и Баерн Минхен за да стигнат и до тројната круна оваа сезона. Пристигна на Џузепе Меаца за околу 15 милони евра.