Ван Гал нема да си остане на зборовите, останува ако освојат тројна круна
17/05/2010 20:05

Тренерот на Баерн Минхен, Луис Ван Гал нема да си остане на ветувањето кое го даде на почетокот на сезоната. Тогаш рече дека ако освои тројна круна си заминува од баверскиот тим. Досега Баерн ги освои купот и првенството и во сабота игра со Интер во финалето од ЛШ.



Зборував со многу луѓе, со фудбалерите, со управата и одговорот е НЕ, нема да го напуштам Баерн по завршувањето на сезоната. Имам договор, но следната сезона ќе биде сосема поинаква приказна.“


Никогаш досега е сум видел фудбаелри кои толку многу ја почитуваат мојата филозофија. Овој тим може и да стане подобар. Се уште не го достигнавме нашиот потенцијал.“


“Целата дисциплина е во мозокот, Најважно е да издржите во ист ритам сите 90 минути. Тимот ги има сите предуслови и само прашање на време е кога ќе успееме да го реализираме ова.“ - изјави Ван Гал.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0249][47]