Маскерано: Сакав да одам во Барселона, Ливерпул не ми даде
17/05/2010 18:10

Деструктивецот на Ливерпул, Хавиер Маскерано откри дека ланските пребирања околу тоа дали тој ќе оди во Барселона или не многу влијаеле на неговата форма оваа сезона.



Ситуацијата која во ланскиот преоден рок настана со Барселона навистина влијаеше на мене. Лошо направаив што не отидов да играм во градот кој највеќе го сакам. Имаше многу разговори и проблеми во тие месец и половина. Тоа беше многу тешко време за мене. Еден ден бев во Барселона, наредниот не. На сето тоа Ливерпул рече дека не сум за продавање.“


“Тоа психички многу влијаеше на мене, не можев да мислам на “црвените“, се фокусирав на други работи, не на тренинзи и теренот. Кога на сето тоа ќе ги додадете и проблемите со Аргентина во квалификациите, ова беше навистина тешка сезона за мене.“ - изјави Маскерано кој потоа додаде дека воопшто не е среќен од животот во Англија.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0261][75]