Ван Перси: Мора да бидеме поцврст и поконстантен тим
15/05/2010 20:33

Напаѓачот на Арсенал, Робин Ван Перси побара од своите соиграчи да бидат малку поконстантни и поцврсто да влегуваат во натпреварите, при тоа и порача на управата да донесе неколку квалитетни засилувања за следната сезона.



Мислам дека треба да се зацврстиме како тим. Мора да им ставиме до знаење на луѓето, ако сакате да се надигрувате со нас и ние можеме да се надигруваме со вас. Ако сакате да играте тврдо и ние знаеме да играме тврдо.“


“Ние го можеме тоа, го имаме тоа во нас, но потребна ни е константност затоа што ако ја немаме ќе губиме поени, а со тоа ќе испратиме друга порака.“


“Гледате веќе како другите тимови се засилуваат, исто и ние мора да го сториме тоа, потребни ни се неколку засилувања. Гледате веќе ни се закануваат екипи како Сити и Тотенехем. Оваа сезона се спасивме, но не знаете што ќе се случи следната. Мислам дека сите сфаќаат оти ни се потребни заслувања на некои позиции.“ - заврши на крај Ван Перси кој пропушти поголем дел од сезоната заради повреда.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0407][94]