Фабрегас: Ако некогаш си заминам од Арсенал тоа ќе биде само за Барселона
13/05/2010 16:54

Плејмејкерот на Арсенал, Цеск Фабрегас призна дека Арсенал ќе го напушти само за Барселона, но не се изјасни кога ќе биде тоа иако не ја исклучи можноста и оваа сезона да се случи таков трансфер.



Ако се некогаш се решам да го напуштам Арсенал тоа ќе биде само за трансфер во Барселона. Сега сум пресреќен во Арсенал и не брзам да го напуштам клубот.“


Сакам таа одлука да ја донесам уште пред започнувањето на СП, затоа што скоро невозможно е да играте на такво големо натпреварување со таков товар врз себе. Не сакам да ме дефокусираат некакви трансфер шпекулации.“


“Барселона се уште играат за титулата во Примера, а јас сум се уште фудбалер на Арсенал. Ќе биде непочитувачки да зборувам за трансфер во овие моменти. Ниту еден од кандидатите за претседател досега нема контактирано со мене.“ - рече на крај Фабрегас кој се опоравува од повредата и би требало да биде во ритам точно за СП во Јужна Африка.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0358][94]