Дрогба: Торес е добредојден во Челзи
13/05/2010 16:08

Напаѓачот на Челзи. Дидие Дрогба ќе биде пресреќен ако во нападот добие партнер од рангот на Фернандо Торес, со тоа конкуренцијата во тимот значително би се зголемила, а со тоа ќе профитира и клубот.



“Слушнав за шпекулациите за наводното доаѓање на Фернандо Торес и се разбира дека ќе се радувам ако дојде на Стенфорд Бриџ. Ако има шанси тој да дојде во Челзи ќе биде добредојден, затоа што секоја помош е добредојдена за нас.“


“Секогаш кога некој нов фудбалер ќе пристигне овде конкуренцијата во клубот е поголема и со тоа тимот е посилен.“


“Ова за мене беше најдобрата сезона досега. Во 2007-та постигнав 33 голови од кои 20 во првенството и тоа е неверојатно. Мислам дека од сезона во сезона станувам се подобар и подобар.“ - заврши на крај Дрогба кој сезонава е најдобар стрелец во Премиер лигата со 29 голови.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0256][25]