Менаџерот на Фулам, Рој Хоџсон вели дека неговиот тим дал максимум и разликата на теренот биле Форлан и Агуеро кои за жал не успеале да ги запрат.

“Направивме се за да ги задржиме Форлан и Серхио Агуеро, но за жал не успеавме во тоа. Нивните двајца напаѓачи беа одлични иако добро ги покривавме и се надевавме дека натпреварот ќе го решиме со пеналите.“
“Бевме навистина добри на моменти и жал ни е што бевме толку блиску, а не успеавме. Не можам да бидам незадоволен од моите момци. Нивните преформанси неколку пати покажаа што се се работ во Фулам.“
“Сите кои го следеа дуелот на ТВ и во Хамбург видоа дека дадовме максимум од нас. Губевеме со еден гол, успеавме да се вратиме и да го однесеме натпреварот во продолженија. Тоа докажува каков тим сме и мислам дека нашите фанови ќе сфатат дека направивме се што можевме.“
“Ова е една од најдобрите екипи со која имам работено, пред се мислам на нивната посветеност и на нивното однесување.“ - рече на крај Хоџсон кој неодамна беше и прогласен за менаџер на годината во Англија.