Зидан: Би сакал Пелегрини да остане
11/05/2010 19:28

Легендата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го советува Флорентино Перез дека Пелегрини треба да остане на клупата на “кралевите“ и следната сезона. 



“Веќе му реков на Перез кои се моите размислувања околу тренерите. Би сакал Пелегрини да остане, но јас тоа не знам, овде сум за да научам некои работи. Претседателот е тој што ги дава наредбите и одлучува за. Ќе треба да почекаме да видиме што ќе одлучи.“


“Што се однесува до првенството има уште еден натпревар до крај и се е можно. Ќе бидам пресреќен ако ја освоиме титулата. Сепак многу е тешко дека Барселона ќе си дозволи таков луксуз.“


И двата тима имаа фантстична сезона и двете екипи ќе стигнат скоро до 100 поени. Не ни се очекуваше Мадрид да направи нешто подобро од ова, но сепак жално е што нема најверојатно да ја освоиме Примера, пред нас е еден неверојатен состав на Барселона.“ - заврши Зинедин Зидан.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0252][28]