Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс вели дека за следната сезона тимот ќе мора многу да напредува во офанзивата и не смеат да се потпираат само на Вејн Руни.

“Ако можам да кажам само една работа, тоа ќе биде дека следната сезона не смееме да се потпираме само на Вејн Руни. Мора да постигнуваме голови од различни позции и тоа од различни фудбалери.“
“Може постигнавме повеќе голови оваа сезона отколку ланската, исто и дефанзивно мислам дека бевме подобри, но навистина не смееме да се потпираме само на Руни.“
“Во неделата навистина дуелот со Стоук го започнавме со многу надеж, а потоа дојдовме на полувреме и разбравме дека Челзи води со 2-0 и има играч повеќе.“
“Мислам дека сезонава немавме среќа. Вејн се повреди во многу лош период за нас. Потоа и го имавме на еден натпревар, но без тренинзи тој не беше тоа што го посакувавме.“
“Дали Фергусон ќе донесе или не нови напаѓачи, тимот ќе мора следната сезона да постигне повеќе голови. Дали тоа ќе бидат дефанзивците од корнери или играчите за врска од далеку мора да имаме повеќе голови.“ - заврши Гигс.